Зборник на Миладиновци/ 345 песна

Од Wikisource
344 песна 345 песна

од Браќа Миладиновци
346 песна
на современ македонски правопис.


C нoќ седело мојето војник,
Киски китело, бисер низало,
Коњу на грива, себе на грло,
На м'шко дете, на тенка пушка,
На остра сабја, на чувт пиштоли,
Коњ грива треси, бисер ми ронит;
„Бре стои, коњу, грива не треси,
Грива не треси, бисер не рони!
Јас не те терам на силна војска,
Туку те терам на лепа свадба,
Брата ке женам, сестро ке м'жам.”