Зборник на Миладиновци/ 325 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
324 песна 325 песна

од Браќа Миладиновци
326 песна
на современ македонски правопис.


Трака трука на. Вишина порта,
Да излезе Виша Гркиња;
Не излезе Виша Гркиња,
Ток излезе Вишината мајка.
„Та што сакаш тука, море лудо,
Море лудо, младо неженено?”
„Помина по тува Вишна да ја вида,
Зборок да и реча, вино да донесе,
Јаска ке и дада пари неброени,
Таја да ми даде вино немерено.”