Зборник на Миладиновци/ 326 песна

Од Wikisource
325 песна 326 песна

од Браќа Миладиновци
327 песна
на современ македонски правопис.


Пијан идам от града,
Стреќам мома в ливада,
Си загреах коната,
Да целувам момата.
Спрсна мома да бега:
„Чекај, моме, не бегај,
Ти си моја, па моја
Сношти сум бил на васка,
И на стол сум седнало,
Благо вино сум пило.
Ке молитвам мајка ти,
Ке блаосвам татка ти,
Пари немам да платам,
Пушка реим оставам,
Тебе не те оставам.”