Зборник на Миладиновци/ 321 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
320 песна 321 песна

од Браќа Миладиновци
322 песна
на современ македонски правопис.


Ме изгора ме попари, бела червена,
Дур ме стори суво дерво, -
Дојде брат ти ме посече, -
Да ме кладе на силен оган, -
Па ме направи бела пепел, -
Ме раздаде на сапунџии, -
Да ме праве раки сапун. -
Да се мијат девојките, -
Да миат бела образи. -,А ке изгора крај тебе.