Зборник на Миладиновци/ 301 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
300 песна 301 песна

од Браќа Миладиновци
302 песна
на современ македонски правопис.


Неда седи на одарот,
Одарот се лелееше,
Недино грло белееше,
Лицето и светееше,
Очите и зрак даваха.
Левен Дељо стое, гледе
Стое, гледе, пука, треска,
На Недо веле, говоре:
„Свали се Недо, от чардакот,
Дан се качам, дан те сваљам?”
Неда веле и говоре:
„Море Дељо, левент Дељо,
Што ти је жал, левент Дељо,
Оти седам на чардакот?”
Дељо веле и говоре:
„Мори Недо, бела Недо,
Капнало ти, бела Недо,
Капнало ти бело лице;
Што ти толку разбелело,
На слонцето надвелило;
Твое лице се белее,
Моја душа ми се лее.”
Неда веле и говоре:
„Што ти чинам, да ми к'лниш
Да ми к'лниш мое лице?
Немој к'лни, левент Дељо,
Немој к'лни мое лице,
Појди к'лни тељалката
Тељалката Пољанинска,
Што продава драм белило.”