Зборник на Миладиновци/ 300 песна

Од Wikisource
299 песна 300 песна

од Браќа Миладиновци
301 песна
на современ македонски правопис.



У кого си погледала, дуљберо,
Секому си болес дала, назлио,
Кому два дни, кoмy три дни
На сиромаф шес месеци
Сум искинал шес постели,
Шес постели басмалии,
Три јоргана чичиклии,
Три перници кумашлии,
Три душега беледии,
Што не дојдиш да ме видиш,
Да донесиш понадица,
Лубеница от Струмница,
Суво грозје от Солуна,
Леблебии от Софиа.