Зборник на Миладиновци/ 298 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
297 песна 298 песна

од Браќа Миладиновци
299 песна
на современ македонски правопис.



Заимче, лудо спаивче!
В недеља дојде от војска,
В понделник ми се посврши,
Во торник бој а ми пушти,
Четворток ми се ожена,
Во петок ферман ти дојде,
С'бота коњи поткоа,
В недеља ми се поготви,
В понделник да ми кинисаш,
Заимче, лудо спаивче!
Кому ке остаиш невеста
Со црвен дулак на глава?