Зборник на Миладиновци/ 297 песна

Од Wikisource
296 песна 297 песна

од Браќа Миладиновци
298 песна
на современ македонски правопис.



Садила мома крај море лозје,
Лозје ми садит и песна пеит:
„Хај лозје, лозје, се бело грозје!
Аљ да те сада, кој ке те јадит;
И ја си немам нигде никого,
Ни татка имам, ни мајка имам,
Ни брата имам, ни мила сестра;
С'де си имам првата љубов,
И тоа ми ушло в пуста чужина
Пуста чужина, Арапска земја,
Ми заљубила црна Арапка,
Арапка имам црна Арапче.