Зборник на Миладиновци/ 294 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
293 песна 294 песна

од Браќа Миладиновци
295 песна
на современ македонски правопис.



Заспала мома крај море
Пот една гранка маслинка;
Повеа ветер от море,
Откршил гранка маслинка,
Го удри моме по грло,
Моме се от сон разбуди,
Моме ми љуто прок'лна;
Егиди ветер Меглене!
Зашто ме от сон разбуди,
Никога да не повеиш!
Што голем сон си догледаф:
На сон минее три луди,
Првото лудо што мина,
Тој ми потфрли јаболко,
Позелен да је от него;
Второто лудо што мина,
Тој ми потфрли злат прстен,
Низ нега да се провирет;
Трекото лудо што мина,
Тој ме на соне целива,
Со мене да се кердосат.!”