Зборник на Миладиновци/ 293 песна

Од Wikisource
292 песна 293 песна

од Браќа Миладиновци
294 песна
на современ македонски правопис.


Момо, как си тенко и високо,
Уште де си црнооко,
На мноѕина треска даваш
Кому два дни кому три дни,
А бекару три години.
Го исуши го пресуши,
Го направи суо дрео,
Суо дрео јаороо;
Да' го фрлиш в силен оган,
Да се сторит дробна пепел,
Да го сеиш во градина,
Да израстит рамн' босиљок,
Босиљок, киска цвеке,
Да го берат девојките,
Да го носет в пазуите.