Зборник на Миладиновци/ 292 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
291 песна 292 песна

од Браќа Миладиновци
293 песна
на современ македонски правопис.


Лел си фатифме, Јано, вера и к летва
Ни да се вршиш, - ни да се женам
Дур да си појдам, - пуста чужина,
Тамо ке седам, - седум години,
Ке си постеча, - седум хиљада;
Прва хиљада, - руба ке праа,
Руба ке праа, - руба за мене
Втора хиљада, - руба за тебе
Треќа хиљада, - фустан ке праа,
Фустан ке праа, - от шам кутиа;
Четверна хиљада, - биниш ке праа,
Пета хиљада, - појас ке праа,
От ока стребро, - полока злато
Шеста хиљада, - куки ке праа
Куки сараи, - џамој пенџери
Седумта хиљада, - коња ке кипам
Коња ке купам, - вамо да идам.
Кога си дојдоф, - тебе те најдоф,
Пусто свршена, - неом'жена
К'де се згодиф, - кум да ти бида
Кум да ти бида - да те венчаа!
Со кои ноѕе, - кум да кинисам,
Со кои р'це, - венци да менвам,
Со која уста, - да помолитвам!
Уста ми велит, - да се кердосаш,
Срце ми велит, - да н' се кердосаш.