Зборник на Миладиновци/ 285 песна

Од Wikisource
284 песна 285 песна

од Браќа Миладиновци
286 песна
на современ македонски правопис.


Невеста момче фалеше,
Имам момче работно,
На ден бразда ораше,
Во недељата лехичка,
И в месецот погонче,
А в годината нивичка,
Там дека момче ораше,
Пуста го дремка нападна,
Закачи рало стрет нива.
Пустотo рало крушево,
Дур да се момче разбуди,
Пустото рало никнало.
Дало си круши здреани.
Кога се момче разбуди,
Здрели се круши најаде.