Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ 286 песна

Од Wikisource
285 песна 286 песна

од Браќа Миладиновци
287 песна
на современ македонски правопис.



„Цоно, мори Цоно,
Мајчина к'дано,
Тејкава Солтано!
Што по поле бегаш
Гола гологлава,
Боса, распашана?”
И она им веле,
Веле и говоре:
„Варај, варај дружки,
Варај мили дружки!
Даљ сте чуле, дружки,
Чуле и разбрале,
В село што је дошол
Селски аберџиа,
Момин вергиџиа:
Децата си фрле
Момите си годе,
IIохарната мома
За полошо момче;
А на мене, дружки,
Едно старо харо,
Мече грдуљаво,
Куче трескуљаво,
На р'ка му легнам,
Като на бел камен
Пазухи му бркам
Като во к'пина.
Брадата ме боди,
Като ежовина;
Дихо ми мириса,
Като прчовина.
Гиди лудо младо,
Гиди росно грозде!
На р'ка му легниш,
Като на перница;
Пазухи му бркаш,
Като во коприна;
Лицето му бело,
Лицето му меко,
Като тулип памбук,
Духот му мирише,
На ран бел босиљок.