Зборник на Миладиновци/ 284 песна

Од Wikisource
283 песна 284 песна

од Браќа Миладиновци
285 песна
на современ македонски правопис.


Момче невеста фалеше,
Имам невеста работна,
На ден си нишка тегнеше,
В недеља к'деља вретенце,
И во месецот пасменце,
Во годината платненце.
Там дека мома предеше,
Тешка је дремка нападна;
Бутнала фурка в пепелот,
Да легна мома, да заспа.
Пустата фурка дренова,
Дури се мома разбуди,
Пустата фурка никнала,
Родила дренки здреани.
Кога се мома разбуди,
Здрели се дренки назоба.