Зборник на Миладиновци/ 277 песна

Од Wikisource
276 песна 277 песна

од Браќа Миладиновци
278 песна
на современ македонски правопис. Во оригиналот оваа песна нема ниту наслов ниту број.



Имам жена работна,
Често куќа метеше,
На трети ден, на пети ден,
На окулу метеше,
Стрет куки го береше,
Него ми го вадеше,
Да ми растет печурки,
Да ми месит печурници.
Кога дојде Велигден,
Со глаата в ношвите,
Со ноѕете в пепелта,
Со устата в бочвата.
Кога дојде Велигден
Ми немаше кошуља.
И ја си се зачудиф,
Та си појдоф в планина,
Набраф каље габрои,
Набраф пр'ке смрекои,
Тá је сплетоф кошуља,
Ја променаф жената,
Ја изваиф на оро,
Сит' играе по клекум,
А мој ата по просум;
Кољето је дупее,
Пр'кето је плускее,
И краците водени.