Зборник на Миладиновци/ 276 песна

Од Wikisource
275 песна 276 песна

од Браќа Миладиновци
277 песна
на современ македонски правопис


Шарена Анѓо, писана,
Месила Анѓа коматат,
Ми го однесла на гумно.
Кркнала жаба в коматот,
Сите фатие вилите,
Попот ми фати штежерот;
Сите фатие в осојот,
Попот ми фати присојот;
Сите ми велет жаба је,
Попот ми велит мечка је.
Сите дојдое со круши,
Попот ми дојде без уши;
Сите дојдое со плочи,
Попот ми дојде бес очи.