Зборник на Миладиновци/ 275 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
274 песна 275 песна

од Браќа Миладиновци
276 песна
на современ македонски правопис



Предите, прелки, предите,
Да ом'жиме Дремуша.”
Дремуша дремит крај оган,
Дремуша мајке велеше:
„За кого, мајко, за кого,
За кого ке ме ом'жиш.”
„З' овчара, керко, з' овчара
З' овчара ке те ом'жам,
Да јадиш кисело млеко.”
„Нејкум го, мајко, овчара,
Тој имат многу работа;
Туку го сакам орача,
Што јадит бели погачи,
Што пиет вино црвено,
И прељутана ракиа.”