Зборник на Миладиновци/ 252 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Магда невеста и Арапин 252 песна

од Браќа Миладиновци
253 песна
на современ македонски правопис


Работаф си за година,
Година непогодена!
Си постекоф за хиљада,
Пуста незгодна година!
Та си купиф шарен туфеч,
Се погоди дождевлиа,
Не 'рѓоса шарен туфек
Си работаф две години,
Година непогодена!
Си постекоф две хиљади,
Пуста незгодна година!
Та си купиф брза коња,
Се погоди бутурлиа,
Та ми пукна брза коња,
Си работаф три години,
Година непогодена!
Си кинасаф да си ида,
Пуста незгодна година!
Што требаше се си купиф
Се си купиф, ке се жена;
Се погоди мор година.
Та си појдоф на виљает,
Сите моми изумреле,
Си останаф неженето.
Се зачудиф црн сиромаф,
Аљ калугер да се сторам,
И манастир да си ода;
Нигде земја не ме земат.
Татко немам, мајка немам,
Брата немам, сестра немам,
Пуста алој да си плачам;
Ке работаф не погодиф,
С'ра идет да с' удаам,”
Пак му дојде арен ангел,
Не дави се, тук калугери се.