Зборник на Миладиновци/ Магда невеста и Арапин

Од Wikisource
250 песна Магда невеста и Арапин

од Браќа Миладиновци
252 песна
на современ македонски правопис



Здодеа ми се, Магдо неесто,
Гори одешти, билки берешти,
Билки берешти, тебе леквешти;”
„Ни в гори одај, црн Арапино,
Ни билки бери, ни мени лекви.
Јас не сум болна от божја болес,
Туку сум болна от твој страои;
Кога си овде, страф ми от тебе,
Ког' не си овде, жал ми за тебе,
Кога да јавниш белаго коња,
Та да ми одиш на рамно поле,
Koњ ми белеит, како бел голап,
А ти црнеиш како црн голап;
Не прилегвиме еден за други.”
„Егиди мори Магдо неесто!
Како прилегвит црна муниста
Црна муниста на бело грло,
Так прилегваме еден за други.”
„Егиди море црн Арапино!
Бисер прилегвит на бело грло,
Црна муниста на калугери,
На калугери црна бројници;
Не прилегаме, црн Арапино,
Не прилегаме еден за други.”