Зборник на Миладиновци/ 253 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
252 песна 253 песна

од Браќа Миладиновци
254 песна
на современ македонски правопис


Платно ткаит Стојна Србинка
Платно ми ткает брдо ковчено,
Брдо ковчено, ниски восокни,
Платно ми ткает и љуто к'лнит:
„Дегиди платно, а бело платно!
Да те искаам, да те избељам,
Та да те кројам девет покрои,
Девет покрои на мој девери!”
И ми дочула мила свекрва,
Тога је рече мила свекрва:
„Егиди мори Стојна Србинке!
Што лошо виде от твој девери,
Што толку љуто и проколна?
Да не ми кроиш девет покрои
Девет покрои за твој девери,
Да си и кроиш за девет брака,
За девет брака девет покрои!”
Тога је рече Стојна Србинка:
„Егиди мајко, а мила мајко!
Как да не к'лнам мојте девери?
Ево ми имат девет години,
Како сум дошла во ваша кука,
Не ме однесле у мила мајка.”
Тога је рече мила свекрва:
„Ког' си сакала у мила мајка,
Што не му речиш на твојот свекор
Да те однесит у мила мајка
У мила мајка, при девет браќа?
Ај иск'пи си м'шконо дете,
И умеси си бела погача,
Ке те носиме у мила мајка.”
Колку иск'пи м'шконо дете,
И си умеси бела погача,
И си натокми два брзи коња,
Да ми ја носит нејѕини свекор;
Абер је дојде от девет брака,
И загубиле на силна војска.
Та си го крои белото платно,
Ни доткаено, ни избелено,
Девет покрои за девет брака.