Зборник на Миладиновци/ 249 песна

Од Wikisource
248 песна 249 песна

од Браќа Миладиновци
250 песна
на современ македонски правопис


Израстло ми дрво дафиново
Но стреде небо, на стреде земја;
И со вишина небо фтасало,
И со ширина земја покрило.
Под дрео ми је сирак Геортија;
С нога го лељат негова мајка
С нога го лељат, песма му пеит:
„Нани ми, нани сирак Георгија!
Ти да ми растиш и да порастиш
Та ке те пуштам на горна земја,
На горна земја на мирна земја,
Ти да ми видиш која доба је,
Али је есен, есен Митровден,
Ако је есен, есен Митровден,
Да ми набериш два грозда грозје,
Два грозда грозје, два синамбеља.
Ти да ми видиш која доба је,
Али ј е пролет, пролет Ѓургевден,
Ти да ми скиниш два класа жито,
Два класа жито бела чеинца
Ти да ми видиш која доба је,
Ако је пролет, пролет Петровден,.
Да ми набериш секакво цвеке,
Бело црвено, рамен босиљок,
Што ми го носет све јуначина,
Све јуначина пот фесоите,
А девојките во пазуите,
А дечината во р'чината.”