Зборник на Миладиновци/ 250 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
249 песна 250 песна

од Браќа Миладиновци
Магда невеста и Арапин
на современ македонски правопис


Посвршил се дели Димо,
Бела Јана от Авлана,
Што си прстен прстенвало,
А на прстен сто дукати,
Јана назот му вратила,
Кошулица копринвна,
Со бисер је поднизана,
Со дукати покитења.
Дошло коа, лепо време,
Ке ми оит дели Димо
Дели Димо от Солуна
Да ми оит во Авлана
Да ми земат бела Јана.
Ми напраил коњска кола,
По кола се сто сватои.
Димо коња разиграло,
Та ми падна војни копје,
Се убоди бело срце.
Се чудеет сто сватои,
Али назот да се вратет,
Аљ по неста да си одет.
И го клале коњска кола,
Го покрие со јапанџак,
Отидое во Авлана,
Ја зедое бело Јана,
Ја кладое в коњска кола.
И оделе, што оделе,
Крај црква се приблизале,
Т'пан удрил жаљоито;
Бела Јана је притекна,
Поткренала јапанџакот,
Што да видит чудно чудо!
Дели Димо загубено,
И си сегна во џепои,
Си извади фрушко ноже,
Сама себе се загуби.
Отворие коњска кола,
Да извает зет, нееста,
Зет, нееста да венчает;
Гледет оба загинае,
Обата и закопае.