Зборник на Миладиновци/ 245 песна
Изглед
Стојан и Бојана | 245 песна од Браќа Миладиновци |
Тодорина |
на современ македонски правопис |
Седнала Анѓа крај Дунаф,
Бело ми платно белеше,
Дунафа ми го к'лнеше:
„Дунафе, бели Дунафе,
Ај да би ми се исушил!
Зашт' ми г' удаи брата ми
Моиот братец Стојан,
Со се хиљада сватои,
Со девет рала т'пани,
Со десет рала зилии,
Сам Стојан млад зеташин.
Со се премлада нееста”.
Дунаф је лепо вореше:
„Егиди Анѓо девојко!
Што ми го к'лниш Дунафа?
Што не го к'лниш душмана,
Што стори тешка магиа,
Та ти г' удаи брата ти
Со се хиљада сватои,
Сам Стојан млади зеташин,
Со се премлада нееста.”