Зборник на Миладиновци/ Тодорина
245 песна | Тодорина од Браќа Миладиновци |
247 песна |
на современ македонски правопис |
А Тодорина сиротина
Сираче си останала,
И без татка и без мајка,
И без брата и без сестра.
Вујчеи ја изгледале,
Стричеи ја посвршиле
Три месеци на далеку,
За да одет на првиче.
Дојде коа, дојде време,
Да земает Тодорина.
И је дојде нejsин свекор,
Што је седна на перница,
И је рече нејѕин свекор:
„А Тодора, снао мила!
Јас сум дошло со сватои,
Али можиш коњ да јааш?
Аљ на ноѕе ке ми идеш?
Ако олку си ми болна,
Ке те носам дури дома,
Не т' остаам у стричеи.”
Тодорина нему зборвит,
Hи co очи му се пулит,
И је пушти побратими,
Тие да ја опитает,
Али можиш да им идеш.
Побратими је рекое:
„Зборви, зборви а Тодоро!
Мие овде не сме дошле,
Да видиме ваше село
Ваше село, ваша кука,
Тук сме дошле за нееста
За нееста да земаме.
Али можиш коњ да јааш?
,Аљ на ноѕе ке ни идеш?”
Тодорина не им зборвит,
Ни со очи им се пулит.
Го пуштие нејѕиното
Нејѕиното мило момче;
И је рече мило момче:
„А Тодора, прва милос!
Како мене ке ме пратиш,
Да си одам без нееста,
Ти овдека ке ми седиш?”
Тодорина отгоори:
„Гајле немај, мила момче,
Не те пушта без нееста;
Тук' не зборвам со татка ти,
И со твојте побратими,
За да дојдиш обаица,
Обаица да зборвиме,
Мие да се опростиме;
Оти имат три години,
От како сме посвршени,
С очи сме се не виделе.
Јас ке умрам, ке загинам,
Тук побарај во џепеи,
Земај ми и клучевите,
Та откључи шарен ковчег,
Да извадиш мое руво,
Мое руво неестинско,
Променете бела Неда
Бела Неда братучеда,
Да не одиш без нееста.”
Је зедое кључеите,
Извадие бело руво,
Променае бела Неда.
Кога Неда променае
Тодорина душа даде;
Кога Неда венчавае,
Тодорина закопае.