Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ 224 песна

Од Wikisource
223 песна 224 песна

од Браќа Миладиновци
225 песна
на современ македонски правопис


Отбрале ми се тридевет момчина,
Кој от к'де јунак от јунака,
Прет Благоец дванаесет дена,
Кој си немат ни мајка, ни сестра,
Да си одет горски арамии,
Да си одет во гора зелена.
А што си јунаци наигислие,
Први шикер, што ке шикеросет,
Ке го дает по цркви, манастири.
Ког' излезе во гора зелена,
Што зароси една лапаица,
А. по неа еден тиок ветар,
Замрзнее пушки на рамена,
А елеци на кноки кошули,
А кошули за месо јуначко.
По трага им потера достигна,
И се чудет тридесет јунаци,
К'де да се јунаци сосает.
Си најдое црква Митроичка,
Си влегое в црква Митроичка;
Искршие крсти и икони,
Завалие еден силен оган,
Отмрзнале пушки от рамена,
А елецеи од иноки кошули,
А кошули от месо јуначко.
Тога велет младине момчина:
„Поможи ни сам свети Митриа
Ко к' излезиме на ден Ѓурѓевдена,
Што први кap ке си каросаме,
Ке вратиме в црква Митроечка,
Да скоиме крсти и икони
Да скоеме от бели карагрош,
Венци да и злато позлатиме.”
По трага им потера достигна,
Тук се чудет тридевет момчина,
Как потера назот да је вратет.
Дур имаше куршуми фарлае,
От елеци петлици кинее,
Во месо ми поике одее;
Даде господ потера вратие.
Ко' излегле на дена Ѓурѓевден,
Што први кap ти.е каросале?
К'де идет от цара улефе,
Малу многу триста м'ски азно,
Сите си и в црков навратие
Си викнее млади кувенџии,
Не гледае што да им таксает.
Ми викнее младине мајстори.
Што си тие црква заградиле,
Што скојае крсти и икони,
Дури им се зајре дососало',
Кубето от карагрош сториле.
Тога зборвет тридевет момчина:
„А егиди млади кувенџии!
А егиди премлади мајстори!
Како што си бога помолифме,
Така ни је сам Господ помогол.