Зборник на Миладиновци/ 223 песна

Од Wikisource
222 песна 223 песна

од Браќа Миладиновци
224 песна
на современ македонски правопис


Во гора се триесет момчина,
Момчина се триесет ајдути.
Повеале југа темничара,
А по него кривца палаинa,
А со ними снега лапаица;
Им замрзна кноките кошули,
Им замрзна за месо ајдутско.
И станаа триесет ајдути,
Отидое в црква Митроица,
Запалие крсти и икони,
Развалие силнине огнеи,
Отмрзне кноките кошули,
Отмрзнее от месо ајдутско.
Кога дојде дена Ѓургев-дена,
Направие крсти от дукади,
А икони от карагрошеи.