Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ 222 песна

Од Wikisource
221 песна 222 песна

од Браќа Миладиновци
223 песна
на современ македонски правопис


Заплакала ми гората, гората и планината
И от гората дрвјето, и от дрвјето лиската,
И от гнездите пилците, и от земјата тревата,
От кладенците воѓето заради Инче Војвода:
„Камо си Инче да дојдиш? С ајдуци гора с исполна,
Ајдуци оган дадое, гората ја изгорие.
Е гиди Инче Војвода, камо си брго да дојдиш,
Тишки от гора избегле!” Тога си Инче изгласи
Из таја гора зелена: „Потај ми гора зелена,
Ете го Инче ке*) идет, с ајдуци ке се обидит:
Првото срце го немат. Кога трандафил цутеше
Секој му душа љубеше; кога трандафил капеше,
Никој му мишки нејкеше?” Извика гора до бога,
И от гората дрвјето и от дрвјето лиската
И от земјата тревата, от кладенците воѓето.
Извикна Инче до бога низ таја гора зелена,
Из високата планина: „Трај ми, гора ле, не плачи,
Ете го Инче ке идет, ајдуци ке и исп'дит.”
Ајдуци гласот му чуе, еден пред други бегаа
Еден с друг не се видоа. Тога се гора зарадва
И от гората древјето, и от древјето лиската
И от гнездите пилците, от кладенците воѓето.