Зборник на Миладиновци/ 115 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Петко векилин 115 песна

од Браќа Миладиновци
Димни Марко и Турчин Војвода
на современ македонски правопис



Прочуло сја е љута змија,
Љута змија осојница
Со три глави, с три опашки
На царовите друмове,
Та воспрја на царја хазна,
Та не може да му мине,
Цар сја чуди, цар сја мае,
Што да стори љута змија,
Прочуле сја три делие
Три делие в ново село,
Едина е дели Петар
Вториа е дели Марко,
Третиа е мало дете
Мало дете баш Гроица,
Цар честити отговарја:
„Ја викајте три делие,
Да утрепат љута змија!”
Па отиде дели Петар,
В друми врви, песен пее:
„Де си, да си, љута змија,
Ја си излјаз на друмове!”
И излезе љута змија,
152
Претегна му на кон нозе,
Па си вдигна втора глава,
Та му врза бели р'це;
Па си вдигна третја глава,
Да му пие черни очи.
Уплаши сја дели Петар,
Бутна коња та назади.
Срешта иде дели Марко,
В срешта иде, песен пее,
Дели Петар отговарја:
„Ја врни сја, дели Марко!
Не губи сја таја змија
Таја змија, таја сила.”
Отмина го дели Марко,
Па си викна и провикна:
„Де си, да си, љута змија,
Ја си излјаз на друмове!”
Изљала бе љута змија,
Па си вдигна една глава,
Та му врза бели р'це;
Па си вдигна втора глава,
Па претегна на кон нозе;
Па си вдигна третја глава,
Да му пие клето срце.
Уплаши сја дели Марко,
Та сја назади поврна.
Срешта иде мало дете,
Мало дете баш Гроица,
Со коња татан(?) бие.
Дели Марко отговарја:
„Ја врни сја, мало дете,
Не можјах да ја утрепа,
Да утрепа љута змија!”
Отмина го мало дете,
Па си викна и провикна:
„Де си, да си, љута змија,
Ја си излјаз на друмове!”
Изљала бе љута змија,
Ка си виде мало дете,
Па cи вдигна една глава,
Претегна му на кон нозе.
Па си вдигна втора глава,
Претегна му половина;
Па си вдигна третја глава
Па му врза бели р'це.
Провикна с' мало дете:
„Ја чуј ма боже, ја вижд ма,
Ослаби десна рачица,
Да извада остра сабја.
Па извади остра сабја,
Та погуби љута змија,
Па си узе до три глави,
Занесе ги на царјови
На царјови равни дворове.
И цар си им оттоварја:
„Ој та Грујо, мало дете,
Просто тебе столнината,
Аз да стана, ти да седнеш.”