Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Димни Марко и Турчин Војвода

Од Wikisource
115 песна Димни Марко и Турчин Војвода

од Браќа Миладиновци
Секулов гроб
на современ македонски правопис



Излегол је Димни Марко,
Шедба да ми се прошетат,
С прва љубов Ангелина
Низ таја гора зелена,
Низ таја Перин планина.
Там дека се шедба шеташе.
Тешка го дремка фанала,
Тешка дремка на очите,
Тешка т'га на срцето.
Тогај веле н' Ангелина:
„Ангелино, прва љубов,
Слушај теби што ке речам!
Тешко ме дремка фанала,
Тешка дремка на очите,
Тешка т'га на срцето.
Да ми викниш една песна
Речовита, гласовита,
Гласовита в сино небе,
Речовита по с' земја,
Мене дремка да помини,
Тешка т'га да размини.”
Она веле и говоре;
,,Варај Марко стопанине!
Тува песна не се пее,
Тува си је лошо место;
Тук шета Турчин Војвода
Сос триста души сејмени,
Моиот први душманин”,
Тогај веле Димни Марко;
„Ангелино, прва љубов!
Ним се грижи ти за мене,
Извикни си, запеи си!”
И она го послушала,
Извикнала една песна
Речовита, гласовита;
Гласовита в сино небо,
Речовита по с' земја,
Нељ си дочул Војводата;
Тогај веле на дружина:
„Гласови се Ангелини!”
Та станаха, се свалиха,
Се свалиха од гората,
Па фатиха Димни Марка,
Во железо г' оковаха,
Искараха остра сабја,
Да му сечат руса глава.
Тогај веле Ангелина
Ангелина црноока:
„Варај, варај ти Војводо,
Мои први ти љубене!
Ти се мољам, да ми дадеш
Да ми дадеш остра сабја,
Да погубам сама него,
Да му сечам руса глава.”
Изл'же се Војводата,
И даде и остра сабја.
Та намахна и пресече
Дребен синџир од р'цето,
Па му даде остра сабја.
Ка си стана Димни Марко.
Се разврте лево десно,
Си пресече сејмените;
Останал сам Војводата.
Го фатифа, му одсечеха
Бели р'це од лактите,
Бели ноѕе од колена,
Му извртеха црни очи,
Г' оставиха на бели чемши.
Кој од тамо ми помине,
За бога нему да даде.