Зборник на Миладиновци/ 11

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
10 самовилска 11 песна

од Браќа Миладиновци
Продан и два браќа
на современ македонски правопис



Кр'з планина пилци пропеале
Кр'з ливаѓе цвеќа расцутиле
Во ливада зелено езеро,
Во езеро асџер ненаситни,
Секој ден п' еден човек јадит.
Се изредиле сите девојки,
Редот дојде на царева керка.
Цар керка си ми си промени,
Ја промени свила и кадифе,
Ја однесе дури крај езеро,
Крај езеро н' асџер ненаситни;
И тој оба ми и пог'лтнал.