Зборник на Миладиновци/ 10

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Велигденска 10 самовилска

од Браќа Миладиновци
11 самовилска
на современ македонски правопис



Заградила Самовила
Заградила вито кале
Ни на небе, ни на земја,
Загради го в темен облак.
Што бе побив побивала
Се јунаци погодени,
Што бе преплет преплитала,
Се девојки белолики;
Што бе прјало прелагала
Се невести чернооки;
Што бе покрив покривала
Се дечица пеленчета;
На портите диреците
Се кметове белобраде;
Што бе подбив подбивала
Се кметици белополи.
Не стигнаха Самодиви
Седумдесе дребни деца,
Да покрие вито кале.
Хабар прати Самодива
Хабар прати во Прасково,
На Прасковски чорбаџии:
„Да ми дадат Прасковчене.
Крај Дунава г'сти села,
Да обера дребни деца,
Да покрија вито кале.”
Собрале сја Прасковчене,
Собрале сја, сдумале сја;
Не давале Самодиви,
Крај Дунава г'сти села,
Да обере дребни деца;
Давале и планињето,
Да излезе со вихрушка,
Да обере вити ехли
Вити ехли и борове,
Да покрие вито кале.
Јадоса сја Самодива,
Па излезе на планина;
Три дни ваља, три дни духа;
Искубала вити ехли
Вити ехли и борове,
Та покрила вито кале.