Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Цар Мурат и Стар Игумен

Од Wikisource
Дечански манастир Цар Мурат и Стар Игумен

од Браќа Миладиновци
Свети Петар
на современ македонски правопис



Книга пишит цара Мурат-бега:
Ели пишит кому ке ја пратит?
Ке ја пратит дур во Света Гора,
На онаја стара игумена,
На оние млади калугери;
Што им сакат до четири добра:
Прво добра чесно вангелие,
Второ добро светего потира,
Tpeќo добро нивна чесна крста,
А четворто чесно петраила.
Тук се чудит стари игумена,
Што ке бидит ово чудно чудо!
Книга пеит градум с'лѕи ронит.
Го гледает млади калугери,
И му велет млади калугери:
„А егиди стара игумена!
Што је таја мошне лоша книга,
Што је пеиш, мошне с'лѕи рониш.”
И му рече стара игумена:
„А егиди млади калугери,
Да ви кажам што ке ми чините!”
Тога велет млади калугери:
„Не можиме ништо да сториме,
Туку господ дерман да ни сторит,
Туку кажи колку да знаиме
Да знаиме бога да молиме.”
И им каза стара игумена,
Што допуштил цара Мурат-бега
Што ни сакат до четири добра: -
Прво добро чесно вангелие,
Второ добро светего потира,
Треќо добро наша чесна крста,
А четворто чесна петраила.
Му рекое млади калугери:
„Тоа гајле ти да го не бериш,
Туку назод книга да му вратиш;
Не ти даам до четири добра,
Што ќe можиш ела да ми сториш.
Да станиме сите калугери,
Дење ноште бога да молиме,
Да пеиме света литургиа,
Господ него ке го пострамотит.”
Како што го тие научие
И игумен книга ми написа,
Оти ништо цару не му даат,
Што ке можит нека доит да чинит.
Се разљути цара Мурат-бега,
И си зеде малу многу аскер,
И киниса на море да идет.
Калугери како што рекое
Дење ноштте бога си молеет.
Цар ми појде стреде црно море,
Ми замрзна она црно море.
Се зачуди царот што да чинит.
Тога велит цара Мурат-бега;
„Леле боже, леле мили боже!
Поможи ми цар свети Никола!
Ја су чуло ти ми го поељвиш
Го поељвиш ова црно море,
Ти се мољам сега да ми дојдиш
Да ми дојдиш море да отмрзниш;
Да си појдам ја во света гора,
Ништо завал тамо да не сторам,
На игумен пештеш ке му даам!”
И му дојде стар свети Никола,
В р'ка држит стребрена патерица,
Го прекрсти она црно море,
Го прекрсти море го отмрзна.
Цар ми појде дури Света Гора.
Го видое уште от далеку,
Му рекое стару игумену:
„Бегај сега, старе игумене,
Да бегаме во гора зелена;
Оти господ мољба не ни дексал,
Оти душман дојде, се приблиза,
Оти душман живи ке не колит,
Ке не колит, живи ке не печит.”
Побегнае во гора зелена.
Цар излезе на крај црно море,
И им пушти три млади елчии,
Да викает млади калугери,
Да викает, стара игумена,
Да си зеет голема пештежа,
Оти царот ништо не им чинит.
Со м'ка одвај и довикае;
Што им даде голема пештежа,
Што им даде три тоари азно
Три тоари светему Николу.
Го држеше стара игумена,
Два дни, три дни на гости да седит,
От гемиа цар ми не излезе,
Тук се врати, назад си отиде.