Зборник на Миладиновци/ Дечански манастир

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Свети Петар и мајка му Дечански манастир

од Браќа Миладиновци
Цар Мурат и Стар Игумен
на современ македонски правопис



Фала богу за чудо големо!
А што ке се чудо нагледаме!
Што ми беа во една земја
В една земја до два господара.
Кој да беа тие два господара?
Еден беше краљски цар Степан
Други беше краљски цар Душан,
Изговоре краљски цар Степан
На онего србски краљ Душан:
„Ајде мие да се разделиме!
Просту тебе поле ем чивлиѕи
Просту тебе рамна Шумадиа,
Просту тебе Босна Сарајово,
Просту тебе србска наиа,
Просту тебе коњи, ем соколи,
Просту тебе 'рти, ем з'г'ри,
За да одиш по лова по гора;
Да ми простиш два сажна место,
Меѓу Јупек, меѓу Ѓаковица.”
И му прости два сажна место.
Сакал краљот манастир да градит.
Имал краљот до три кули азно;
Темељ ке турит само от стребро,
А покпроот от жежено злато.
Па го дочу сестра му Елена,
Ми говоре сестра му Елена
На онего краља цар Степана:
„Ја сум чула манастир ке градиш,
Темељ ке туриш само од стребро,
А покроот од жежено злато;
Слушај, брате, твоја мила сестра,
Таја тебе ука дш научит.
Атар тебе да не ти останит;
Ти си имал до три кули азно;
По отдамна книги покажует
Сега бргу Турци ке налазет,
Ни темеља Турци ке остает,
На Рисјани закон ке растурат.
Ако сакаш манастир да градиш,
Как некога што градил Симеон?
Да ми одиш преко слано море,
Да ми појдиш Венетичка земја,
Тамо имат камња мерџанлиа,
От стреброто три аспри поск'по,
Да го носиш, тешко не се носит;
Да го кршиш, тврдо не се кршит.”
Блаѕе брате,*) сестра што послуша!
Блаѕе сестре, што брата поучи!
Го откупи камен мерџанлиа,
Удри темељ сугради манастир.
Се посвети србски свети Степан
Се посвети и света Елена.
Ден денеска манастир ми стоит,
Кои греит како вруќо с'нце
От ошто је лепо наградено,
От ошто је убаво написано.
От кога одат Рисјани на закон,
От кога одат на Петровден,
До денеска се пеит, и се прикажует.

Белешки

*) Братø дат. падеж. това страно окончание на ø произлегвит от това, че брата в место брат† се употребвит во многу места како именителни, и заради това се придават окончание на дат. пад., како на жен. род. напр. сестра, сестрø. Така се стретвит им. пад. онаа стара игумена, цара, Марка и други; дат. пад. Маркоø, Маркø.