Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Ханка штипјанка

Од Wikisource
Димана пленета Ханка штипјанка

од Браќа Миладиновци
Никола и Марија
на современ македонски правопис


Попленил Петре, попленил,
Попленил Анка Штипјанка,
Ми ја однесол далеку,
Далеку Немечка земја,
В Немечко во манастиро
И клал је име Рисјанско,
Анѓо ем Ангелино.
Седела до три години,
Стигнала три м'шки деца,
Разбрал ја брат је Ибраим,
Допрати је бела книга:
„О сестро Анко Штипјанко!
Немој си вера менувај,
Куките ке си продаам,
Тимара ке си заложам,
Верата ке ти откупам.”
Говорит Анка Штипјанка:
„О мили брате Ибраим!
Немој си куки продавај,
Немој си тимар заложи,
Јас сум си вера мeнала;
Си имам три м'шки деца.
Рисјанска вера поарна.
Рисјанска вера мириса,
Кака на (ран') бел босиљок,
Како на црвен трандафил.