Зборник на Миладиновци/ Димана пленета

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Калина, Јован и Стојан Димана пленета

од Браќа Миладиновци
Ханка штипјанка
на современ македонски правопис



О! ти Димано желна Димано,
Желна Димано една у мајка!
Бог да убиет твојата мајка,
Та што те скорна рано в недеља,
Глава те изми, ми те оплети,
И ми те пушти палена жетва,
Јачмен да жниеш, леб да добериш
На двана п'та, на двата друма.
Бог да убиет клети Гурбети!
По п'т минаха, ми те пленаха,
Ми те однесле гурбетско село,
Ми те чувале до три години,
Лете на сонце, зиме на черен.
Ми те сториха клета Гурбетка
Што си стигнале три м'шки деца;
И је говорет клети Гурбети:
„О! ти Димано, желна Димано!
Ке те праштаме, право да кажиш,
Дали си знаиш вашето село
Твоето село, таткова куќа?”
И изговори жална Димана:
„О вие клети, лоши Гурбети!
Јас не познавам моето село,
Моето село, таткоа куќа.”
Си изл'гале клети Гурбети,
Да што је дале два стапа в р'це
Два стапа в р'це, гургут на рамо,
Таја да ходит от село в село;
Право си тргат во свое село,
Прау си тргат при своја стрина:
„Даруј ме стрино, жити Петрета,
Жити Петрета, жити, Павлета!”
„Ајде от тука, клета Гурбетко!
Кај ми и знаиш мојте синови!”
От тука пошла кај своја мајка,
Је застанала нејзе на врата:
„Даруј ме, мајка, жити Димана,
Жити Димана, твојата ќерка,
Што ја пленаха клети Гурбети!”
И изговоре нејзина мајка:
„Ајде от тука клета Гурбетко!
К'де ми знаиш мојата керка,
Мојата керка желна Димана,
Што ја пленале клети Гурбети?”
Па изговоре желна Димана:
„О моја мајка, ти стара мајка!
Лели јас сум ти желна Димана,
Што ме пленаха клети Гурбети!
Ти не гледај ме в црново лице,
Ме оцрнеха клети Гурбети.
Тие ме држаха до три години,
Лете на сонце, зиме на черен,
Туку види ми моите гр'ди,
Дали ми стојат три бели бенки?”
Тогај мајка је си ја познала,
Си ја познала, си ја прегрна
Својата керка, желна Димана,
И от радости двете плакале,
Како плакале, така треснале.