Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Тодорка и књахче

Од Wikisource
Два сокола Тодорка и књахче

од Браќа Миладиновци
Јаничар и руса Драгана
на современ македонски правопис


От царот извест е дошла
„Кој има син да прате,
Кој нема, сам си да доди,”
Иван си сина немаше,
А само една дештерја,
Една дештерја Тодорка.
Тој се чуде и мае,
Како да чини, да прави,
Как го зачула Тодорка,
Та на башта си думаше:
„Ја с' не грижи, татко-љу,
До к'д је млада Тодорка,
Ти не штеш војска да видиш.
Ја иди, татко, ја иди,
Сабја френглија да купиш,
И т'нка пушка бојлиа,
И една конче ранено,
Аз ште на војска да ида,
И млад војскарин ште стана,
Никој не ште м' познае.”
Стана Тодорка отиде;
Ходила седем години,
Никој ја нигде не познал;
Кога е било на Лазар,
Тодорки е на ум дошло,
Че и е мама на пазари;
Както нејните врсници.
В царски градини запјала
3апјала и припјавала;
И нош је песен пела,
Дење с војската ходила.
Ка је зачуло младо књахче,
А то на царјат думаше:
Тук има младо војскарче,
Што пее ноште лазарја.”
Царјат на књахче думаше:
Ја си заведи војската
На равно поле да играе,
Д' играе хоро јунашко,
Сичките на ред да гледаш,
Дано момата познаеш.”
На ред је књахче гледало,
Не можло да ја познае.
Царјат на књахче думаше:
„Ја си заведи војската
Дето с' хурки продават,
Дано мома-та познаеш.”
Књахче си војска заведе,
Пак си момата не позна ...