Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Два сокола

Од Wikisource
Латински Краљ и Огнен Два сокола

од Браќа Миладиновци
Тодорка и књахче
на современ македонски правопис


Имала е мама, немала
До двама сиви сокола
Сокола до два близнака.
С житом ги мама хранила
Хранила, оште доила,
До де соколи порасли,
Никој не се е научил,
Нито соколи растеха.
Мама им певка певала:
„Нани ми соколе, нани ми,
Сокола до два близнака;
Растете и порастете,
Тешко имање делете,
Тешка потера зберете,
Баштино царство земете.”
Расли соколи, порасли;
Еден си сокол јездише,
Други себе си носеше,
Като се двама раздељат,
Един за други плачеха.
Мама соколи думаше:
„Ја си станете, идете,
Баштино царство земете!”