Зборник на Миладиновци/ Јаничар и руса Драгана

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тодорка и књахче Јаничар и руса Драгана

од Браќа Миладиновци
Болен Дојчин
на современ македонски правопис


Разбега с' е Влашката земя,
Влашката земја и Богданска,
И Богданската, сичката Доброжа,
Кој горе ходи, кој долу бега
От љути Турци, страшни Маџари.
Стари сечеха, млади робеха,
Млади девојки отбор земаха,
Та ги правеха млади робини;
И млади момци отбор земаха,
Та ги правеха се јаничере.
Дето минуват селата горјат,
Хората робат, селата горјат.
Преминале с' белиа Дунав,
Наредиха с' крај Етрополе,
Распространиха сини шаторе,
На равно поле делба делеха
Млади девојки и млади момци.
Кому паднаха по две, и по три,
На млад Јаничар с' е паднала
Сал една мома руса Драгана,
Па ја заведи под бели чад'р.
Кога е било вечерта к'сно,
Млади Јаничар надвор седеше,
Погледна долу, погледна горе,
Из черна земја син ог'н гори,
Из сино небо крвав д'ж вали.
Млади Јаничар с' е уплашил,
Та поизвика руса Драгана,
И на Драгана жално думаше:
„Мори Драгано, моја робињо!
Што ште та питам право да кажиш, -
Имаш ли братец, имаш ли сестра,
А Драгана му со глас продума:
Имам си башта, имам си мајка?”
Имам си братец, имам си сестра.” –
„К'д,е е брат ти, и тој ли е поробен?
Драгана му жаљно отговарја:
„Кога додоха в Влашката земја
Турци избиха млади Б’лгари;
И брат ми беше во таја воиска;
А сега тридесет години,
Ка с'м аз братец не видела.” -
,,Мори Драгано, моја робињо!
Ако го видиш, познаваш ли го?”-
Ја да го видам, си го познавам
По клета галва, по једри грди.”
А Јаничар Драгана питаше:
Што има на братина глава?” -
„Брат ми има от сабја белек,
Че е посечен на љута војска.”
А Јаничарин Драгана пита:
„Што има брат ти на једри грди?”
„Брат ми си има на грди белек.
Со стрела ранен во љута војска”.
Па раствори јаничар грдите
Белите грди, клетата коса;
А на Драгана жално думаше:
„Ја стани, сестро, дома да идем.
Дома да идем, мама да видим!”