Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ 247 песна

Од Wikisource
Тодорина 247 песна

од Браќа Миладиновци
248 песна
на современ македонски правопис



Три се танци вијат пот Будина града;
Први танец водит лична Ангелина,
Втори танец водит млада Јанкулица,
Треки танец водит млада Секулица,
Кога поглеале нат Будина града,
Три се орли вијат нат Будина града;
Први орел носит от јунака глава,
Глава носит со сета самур калпака;
Втори орел носит от јунака р'ка;
Со се мор долама, со се бурма прстен,
Треки орел носит от јунака нога
От јунака нога со се ж'лти скорни.
Тој што ми носит јунакоа глава,
Тој је падна Ангелина на рамена,
И глава догаѓат, како Богданоа
Какo Богданоа нејѕин мили брата.
Тој што носеше р'ка от јунака,
Тој је падна Јанкулица на рамена;
Р'ка ми догаѓат како Јанкулоа.
Тој што падна Секуличини рамена,
Нога му догаѓат како Секулоа.