Зборник на Миладиновци/ Стојан (2)

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Драгана и цар Стојан

од Браќа Миладиновци
Дена и војвода
на современ македонски правопис



„Стоене, синко, Стоене!
Като с сл'нцето живуваш,
Ја си попитај сл'нчице. –
Сл'нчице јасно, сл'нчице,
Като ти греиш по си свјат
По си свјат, по си вилејат,
Не видја ли, јасно сл'нце,
Мојата лика прилика!”
Послуша Стајан мајка си,
Та си при сл,нце отиде,
Па на сл'нцето говори:
ÂНе видја ли ми, сл'нчице,
Мојата лика прилика?”
Сл'нце Стојану думаше:
„Маре Стоене, Стоене!
А с'м ти видјал прилика,
Ала ти е тврде далеко,
През Дунав дури во Влашко;
Ала е младо годено,
В недеља му e свадбата.
Ако са, Стоене, наемаш,
За ден да идеш, да додеш,
Ти штеш Рада да си земеш.”
Стојан си дома отиде,
Си стегна коња ранена,
Тури си нога в зенгија,
До де другата да тури,
Три си планини премина.
И бјал Дунав си преплива,
Па во Влашко си отиде.
Завари свадба на двори,
Па на девери говори:
„Девери, пера жерави,
Ја доведете невјаста,
Та р'ка да ми целува!
Че казуваше мајка и,
Че сме си стара роднина.”
Послушали го девери,
Па изведоха невјаста,
Десна му р'ка цалува,
С љава си бркна в џепове,
Извади ж'лти ж'лтици,
Тешка си свадба засипа,
Залисаха са девери,
Зели да берат ж'лтици.
И тој ја фана за р'ка,
Та на коња си ја качи,
Та си бјал Дунав преплува.
Рада на Стојан говори:
„Маре, Стоене, Стоене!
Свали, ма либе, от коња,
Очите да си омија,
Што с'м за мајка плакала,
И за мајчина роднина.”
Стојан си Ради говори!
„Кога си идем кај село,
Там има чешма шарена
Вов зелените ливади,
Та шта там свали от коња,
Очите да си омиеш
Да не ми рече мајка ми –
За лудо ходи на Влашко,
Пак ти је грозна невјаста.”