Зборник на Миладиновци/ Драгана и цар

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стојан и Димана Драгана и цар

од Браќа Миладиновци
Стојан (2)
на современ македонски правопис



Мома Драгано, Драгано!
Царју вран коњ утек'л,
След него текат, Драгано,
До двесте триста сеизе,
Не можле да го уловат,
Дур не изљала Драгана,
Изнесла бисер на бљудо
Та па на Турски помами:
„Гел, гел бери, добра коња,
Де ми си сега да додеш,
На бљудо бисер да зобаш.”
И ка ја зачу добар коњ,
Тој при Драгана отиде.
Та го Драгана фан'ла,
Сама го царју завела.
И цар Драгани говори:
„Моме Драгано, Драгано!
Та што ли да ти харижа?
Дали от бели грошове,
Или от ж'лти ж'лтици?”
А Драгана му говрои:
„Ништо ти нешта, царју ле,
На Искар водениците,
На Дунав теповиците.”
Цар си Драгани говори:
„Нема ми искаш, Драгано,
Что е от башта (ми) останало?”