Зборник на Миладиновци/ Стојан и сестра му Проја

Од Wikisource
258 песна Стојан и сестра му Проја

од Браќа Миладиновци
Рада
на современ македонски правопис


Ој Стојане, бре Стојање!
Дали знаиш паметуваш
Кога беше бре ск'пиата,
Ск'пиата, гладиата,
Кило жито ока стребро,
Ока брашно цел карагрош!
Стојан има девет деца
Девет деца сите м'шгки.
Пара немат половница,
Да си ранит девет деца
Девет деца сите м'шни.
Сестра имат бела Проја,
Пребогата со сточупда,
Стока имат бела чејнца
Ченица девет амбари.
Што отиде сиромашец,
Сестре је се помољует,
„Дај ми, сестро, кутел жито,
Ели, сестро, шиник просо,
Да изранам девет деца
Девет деца, твојте мнуци!”
„Ој Стојане, мили брате!
Ај појди си на друмои,
Пречекај си силен карван
Четири стотини м'ски,
Да измери бела чејнца,
От што ке ти престанит,
Тебе от тоа ке ти дадам.”
Си отиде сиромашец,
Си пречека силен карван
Cилeн карван пусти м'ски,
И доведе в рамни дворје,
Си тоари бела чејнца;
Испрати млади кираџии.
„Ејди брате, бре Стојане!
Не престана едно зрно.”
Зеде врека на рамена,
Отиде на река Ситница,
Си наполни дробна песок,
Си донесе своја кука.
Го видоа девет деца,
Затрчаа при татха си,
Деца гладни, голи, боси,
Да им даит ченичица.
Им истури дробна песок;
Си зобаа дробен песок,
Как зобаа, так треснаа.
Им ископа еден гробец,
Си закопа девет деца;
Пушка зеде на рамена,
Си излезе арамиа.