Зборник на Миладиновци/ 258 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
257 песна 258 песна

од Браќа Миладиновци
Стојан и сестра му Проја
на современ македонски правопис



Мори Недо, бела Недо!
Ветер дует нат селото,
Роса росит пот селото,
Чума мрие низ селото.
Сите чуле разбегале,
Бела Неда не је чула,
Не је чула, ни разбрала.
Неда ткае тенко платно
Тенко платно бел бурунџук,
Кенар клава сухо злато.
Тогај веле нејна мајка:
„Мори Недо, бела Недо,
Бела Недо, милно чедо!
Даљ си чула и разбрала
Чума бие у селото,
Сите чуле разбегале,
Ајде, Недо, да бегаме,
Дан' загиниш оште млада
Оште млада и зелена,
На младос ненаситена,
На рухо ненаносена,
На оро ненаиграна.”
Тогај веле бела Неда,
„Бегај, мале, јас не бегам,
Ела верно ти се мољам,
Ко ќе умрам, моја мале,
Да направиш нат гробот ми,
Нат глава шарена чешма,
На ноѕе високо дрво,
На ноѕе зелен кипарис.
Кој ке дојде, мила мале,
Вода да ми се напие,
И пот сенка да ми седне,
И да рече бог да прости
Таја душа што загина.”