Зборник на Миладиновци/ Рада

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стојан и сестра му Проја Рада

од Браќа Миладиновци
261 песна
на современ македонски правопис


Заспала ми је галена Рада,
Заспала ми је на висок чардак
На висок чардак в шарена ода;
Мандии лајат, дрвари врват.
Радини дружки Рада викает:
„Стани ми, стани галена Радо!
Да залеиме студнана вода!”
Радина мајка Рада скориват:
„Стани, ми стани, галена Радо!
Тук' те викает твоите дружки,
Да ми оите на студна вода.”
Радини дружки на вода беа,
Залеја вода и си дојдоа,
Галена Рада уште ми спиет.
Радина мајка крави молѕеше,
„Стани ми, стани галена Рада!
Твоите дружки на вода беа,
На вода беа и си дојдоа!”
Кага се качи на висок чардак,
Кога ми отскри шарени јорган,
Шчо да ми видит! Рада заклана;
Црните очи мрежа ватиле,
Белото грло, крф исипано.