Зборник на Миладиновци/ Стојан и Турчин
Тодорка и књахче | Стојан и Турчин од Браќа Миладиновци |
Момчула војвода |
на современ македонски правопис |
Обложил сја е млад Стојан
Сос Турчина презморчина,
Стојан да пие ракија,
А Турчин червено вино;
Ако сја Стојан опие,
Турчин от Стојан да земе
Калинка прво венчило;
Ако сја Турчин опие,
Стојан от Турчин да земе
Черното конче Арапско.
Слуга им била Калинка,
Стојану чаша отлива,
Турчин зад рамо излива,
До де си заспа млад Стојан.
Турчин Калинка думаше:
„Хајде, Калинке, да врвим,
Близо до море да станем!”
А Стојанова мајчица
По дворовете ходеше,
Стојана љуто к'лнеше;
„Бог ми тја убил, Стоене,
Убил тја господ, поразил!
Ти сега с'н с'нуваш,
Турчин Калинка отведе.”
К'де е зачул млад Стојан,
Ситни си сл'зи порони,
И на мајка си думаше:
„Ја ми кончето отседли,
И ми сабљата окачи.”
Та си на конче думаше:
„Коњче ле, викробојче ле!
Ако си Турчин достигнеш,
Калинка да си зема,
Главата шта ти посребра.”
Па си коњчето в'седна,
И в п'т като врвеше.
Свирката свири говори:
„Постој, почакај Турчине,
Двамата да с' поборим,
И двама да с' поколим,
Ако ти мене заколиш,
Проста да ти е Калинка
Калинка прво венчило,
Калинка хитра гидија,
И па на Турчин думаше:
„Ја си кончето повсправи.”
Стојан си при тјах достигна,
Калинка от коња слезе;
Стојан си Турчин не гледа