Зборник на Миладиновци/ Момчула војвода

Од Wikisource
Стојан и Турчин Момчула војвода

од Браќа Миладиновци
Ѓуро
на современ македонски правопис



Коња коит Момчула Војвода,
На вечер ми коња потковуват.
Тога велит Момчулица млада:
„А стопане, Момчула Војвода!
Ке те праштам, прау да ми кажиш,
Квечерина коња потковуваш,
На утрина коња с' обосуват,”
Отговори Момчула Војвода:
„Ељ ме чуеш, ти моја невесто!
Љељ ме прашаш, право ке ти кажам.
Квечерина коња потковувам,
На утрина коњ се обосуват;
Јас си одам у Солуна града,
Тамо љубам Еврејка девојка,
От там одам у град Белограда,
Си ја љуба Мара Белоградска,
И пак одам у Стамбола града,
Јbубам цару Костадину сестра.”
Бог да бие Момчулица млада!
Написала едно парче книга,
Го допрати во Стамбола града,
На онего цара Костадина:
,.Харам ти била твојата живот!
Момчула ми твоја сестра љубит.
Чуи мене, цару Костадине!
Со јунаство Момчула не фашташ.
Кога одит Манастира града,
Обичајат без оружје одит,
Малу нешто ти си пособери,
И отбери три хиљада мина;
Да си станиш рано во с'бота,
Да си стигниш брго во недеља,
Ке си бидит в црква на закона”
Што ми рече цара Костадина:
„Кафпе едно Момчула Вајвода!”
Та ми собра три хиљада мина,
Та си вјавит таа брза коња,
Прау тегнит в града Манастира,
Си достигна на црква испуштање,
Си излегвит светот от црквата.
А што беше Момчула Војвода!
Тој си јавна своја брза коња,
Па излезе от град Манастира.
На Момчула коња се затресе,
И Момчула коњу му велеше:
„Ој ти коњу, ој ти добар коњу!
Вака други п'т не си сторило”.
Тога коња му се отговори:
„Бог да биет нашата стопанка,
Да не сторит некоја превара.”
На Момчула тогај му текнало;
Ми с' опули по бели друмои;
Се задале м'гли и правои,
Г' опколисват љуѓе оружани.
И пак коња нему говореше;
„Ти, стопане, јунак и јас јунак,
Качи ми се на мои рамена,
Па влези ми в царева ордиа,
Ако нешто пусат си немаме,
Како господ нас ке поможит.”
Дупна коња како силен ветар,
Ми расцепи јунак све ордиа,
Ми дотрча до камни дворои;
Вити порти биле затворени.
Ја догледа своја мила сестра,
IIa је викат што глас тој ми имат;
„Бргу, мила сестро, отвори ми,
Да си земам моето оружје.
Да истепам тие копилиња!”
„Ејди брате, мои мила брате!
Бог да биет твоја жена млада!
Таја мене, кога ја си спиех,
Ми смолоса моја pyca коса
Ми засмоли на овје диреци.”
„Тргај, сестро, друга ке порастит,
Зашто мие оба загинафме.”
И сестра му јако се разљути,
Како тртна от диреци коса,
На диреци перче останало.
Си дотрча в шарен нејзин ковчек,
Си изваде триста лакти платно,
Преку ѕиздје платно го префрли.
Се зафати за белото платно,
Ми го тргат негоата сестра,
„Тргај сестро, ако бог поможит,
Ак' поможит да си откиниме,
Нејзе мајка ке је расплачиме.”
Бог да биет Момчулица млада!
Си изваде ноже от пазуа
И пресече триста лакти платно;
И си падна јунак зат дворои,
Сн'га му се тога преврушила,
Р'це, ноѕе, глава искршиле.
Си достигна царе Костадине,
Па седна на свилени постели,
Је говорит Момчулице младе:
„Ој невесто, Момчулица млада!
Донеси ми Момчулива руба,
На Велигден која облеквеше.”
Си отвори шарени ковчеѕи,
Си изваде свила и кадифе,
Си изваде самура калпака.
Кога царот на глава го клаат,
На рамена калпак му легнало;
На калпака триста драма злато.
„Уште Момчула што ми имаше!”
Му извади Момчулои скорни.
Кога царот скорни и видело,
Двете ноѕе царот и пикнало
И обете ноѕе и созеде.
Тогај царот ми се зачудило,
Таков добар јунак што загина.
Тогај викна на своите љуѓе:
„Фатете ја Момчулица млада,
Што предаде своиот стопана,
Кренете ја и запретајте ја,
Закопајте ја дури до колена,
Намачкајте лоја и катрана,
Оган дајте от русите коси,
Изгорите ваква биханиа.”
Ја запалие и се изгори,
И се стори м'гли и правои.
Изговори Момчулова сестра:
„А честити цару Костадину!
Опули се в мене окаена,
Како брата ја да си прежалам!
Гледај црни крвој от главава;
Мене не је брига за косата,
Мене не је брига от бољата,
Бар ни живот ја не си ја сакам,
Тук си т'жам мои мили брата,
Што загина од недугова жена.”
Си ја зеде негоата сестра,
Цар Костадин и је говореше:
„Право имаш убава девојко!
Кој как солит, така ке си сркат;
Кој как чинит, така ке си наит;
Биди жива и разговори се,
Друга коса, девојко, ке никнит.”
Со себеси зеде лична мома,
Ја однесе у своите дворје.