Зборник на Миладиновци/ Стојан и Гроздана
Севда и Пејко | Стојан и Гроздана од Браќа Миладиновци |
Стојан, Пејче и Цуца |
на современ македонски правопис |
„Брату ле, брату Стогјано!
Арам ти било јунаство,
Јунаство, брату, левенство,
Што ти плениха стадото
Сивото стадо рогушко
Рогушко стадо, калешо.”
Тогај он веле, говоре:
„Сестро ле, сестро; Марие!
Што ке ми чини јунаство,
Јунаство сестро, левенство!
На сон ме мене најдоа,
До триста души Арапе
Арапе, сестро, Татаре,
Та ми плениха стадото
Сивото стадо рогушко,
Рогушко, сестро, калешо,
И мен', сестро, ке пленеа,
Не жаљам, сестро, стадото
Стадото, сестро, калешо,
Току си жаљам косемот
С позлатените рогове,
Со стребрените копити,
Што ми вртеше стадото
За дванаесет овчаре.”
Тогај му веле сестро му:
„Што стоиш, брату, што гледаш,
Дека си, брату, арамасан,
Ке те дочуе армасница
И нејните верни дружки,
В очи шега ке £ се бијат.
Земи, брату, пишен кафал,
Оди на вишна планина,
На тиа ветки бачила,
Крај таја бела Дунева,
Засвири аровно, жаловно,
И да викнеш да привикнеш,
Ела, ела мој косеме,
К'д' си, да си, тук' да дојдеш
На ови ветки бачила,
Крај таја бела Дунева!”
Нели си дочул ќосемот,
Как' дочу и как разбра,
Та тргна тои н'а преди,
Пливна низ бела Дунева,
Заводе стадо калешо.
Триста го души бранеха,
Не можеха да и добранат,
Оште триста придојдоха.
Излезе на Вишна планина,
На тие ветки бачила.
Ка ги виде млади Стогјан,
Срцето му се разшени,
Закара сивото стадо,
Дојде право на сестро му,
Та £ веле и говоре:
„Сестро ле, сестро Марие!
Хитра си била, разумна,
Сакам да дојдеш на свадба,
Малце помошт да ми чинеш.”
Она му веле, говоре:
,,Тешка сум, брату, не можам
Не можам, брату, да дојдам;
Ке пуштам мома Гроздена,
Мојата мила штерка,
А твојата мила 'нука,
Колку при тебе да седи,
Да се не она премени,
Дан' она вонка излезе,
Оти је мошне хубава.”
Стана си Стогјан отиде,
Та зафати тешка свадба;
Му пушти мома Гроздана,
Колку при него да седе,
Колку да измет му чине.
Си удриха тапането,
Се собраха сватовето,
Па дојдеха кумовето;
И се премени млад Стогјан,
Се премени, се нареди,
Ке кинисат за невеста.
Гроздана мајка не почу,
Се премени, се нареди,
Та излезе вонка на двор,
Па се фати на орото
На орото на танецо,
Фати оро да играе.
Дојде свето се забрави;
Старците вино пијеа,
Оставиа они виното,
Во Грозде очи фарлија;
Женени камен фарљаа,
Оставиа они каменот,
Ио Грозде очи фарлиа,
Ергене оро играа,
Оставиа они орото
Во Грозде очи фарлиа;
Забравиха да си одат
Да си одат за невеста.
Дојде време за венчање,
Та фатиха да венчават
Гроздена сос млади Стогјан.
Поповето онемеа,
Кумовето ослепеа.
Тогај вељат кумовето:
„Питајте се, разпитајте се,
Да не сте нешто роднина!”
Тогај си Стогјан провикна:
„Како да не сме роднина!
Таја је от сестра мома,
Таја је на мене 'нука.”
Поповете презборуваа,
Кумовете погледнаа.