Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Севда и Пејко

Од Wikisource
Невеста загубвит Татари Севда и Пејко

од Браќа Миладиновци
Стојан и Гроздана
на современ македонски правопис


Севдо, Севдо, Севделино,
Гиди росна детелино!
Севдин тејко овчар главил,
Овчар главил левен Пејка,
Да ви пасе сиво стадо.
Севда мома ми си љуби
Ми си љуби левент Пејка.
Ја разбраха сељаните,
Та фатиха да се смеат.
Ка си дочу Севдин тејко,
Та си собрал сељането,
Та им веле, и говоре:
„Еј сељани, мили брака!
Сакам право да кажете,
Што чинува Севда мома?”
Тогај вељат сељанете:
„Коџобаши Севдин тејко,
Што не питаш да кажиме?
Накара ја Севда мома,
Да направи зелен зелник
Зелен зелник копривалник,
Да направи мали ручок,
Да го дигне на главата,
Да го носе на левен Пејка;
Па кинисај ти по неја,
Да ја неја ти преглеждаш,
С твоите очи да веруваш?”
Па си стана Севдин тејко,
Па си појде дури дома,
Та накара Севда мома,
Да набере росно зеље,
Да направи мали ручок,
Мали ручок лепи зелник,
Па си ст'ана Севда мома,
Не ми набра росно зеље;
Се засука, се запрегна,
Нел' измеси чисто тесто,
И засука зелен зелник,
Го испече го изврза,
Та го дигна на главата,
Ке го носе на левен Пејка,
Тргна кротко на големо,
Ке си носи мали ручек.
По неја ј е Севдин тејко,
Кинисал да ја преглежда;
На Севда не и текнува,
На назади да погледне,
Оти неја ја преглеждат.
Нел догледа левент Пејко,
Та искара шарен кавал,
Шарен кафал, пишан свирол,
Па си фати да си свире,
Дури свире, дур' кажува,
На Севда веле, говоре:
„Оти Севдо, не погледна
Не погледна на назади,
Оти тебе те поглеждат.
Ка си дојдиш в чаирето,
Да си свалиш мали ручок,
На бел камен да г' оставиш.”
Ка си дочу Севда мома
Ка си дочу шарен кавал,
Нели она си разбрала,
Нели дојде на чаире
Во чаире на бел камен,
Там остави мали ручок,
И надзади се поврна.
Ка ј а виде неј ни теј ко,
Он назади се поврна,
Сељаните не верува.
Кога било замркнало,
Нел' дојдеа арамите
Та фатиха левент Пејка,
Кантил кучка отепаа,
Караманот го заклаа,
Карабашот приплашиа,
Та фатиха левент Пејка,
Му врзаха бели р'це,
Та фатиха да си вртат
Да си вртат сиво ггадо.
Стадо вртат, стадо блее,
Нинак нема да киниса.
Тогај веле левент Пејка:
„Арамии, мили брака!
Пуштите ми бела р'ка,
Подајте ми шарен кавал,
Да засвирам на сиво стадо,
Белки стадо ке киниса.”
С' изл'жаха арамите,
Му дадоха шарен кавал;
Да засвире левент Пејка,
Дури свире, дур' зборува,
На Севда мома говоре:
„Севда, Севда, Севдерино,
Гиди росно детелино!
Ако спиеш разбуди се,
Ако сониш разсони се,
Ако седиш заслушај се,
Што ти веле шарен кавал; -
Ме фатиха арамите,
Кандил кучка отепаха,
Караманот го заклаха,
Карабашот приплашиха;
Бели р'це ми врзаха.
Што чини да чини теј ко ти,
Да соберит сељаните,
Да не стадо ке откинит.”
Ка си дочу Севда мома,
Ка си доАгу, ка си разбра,
Тогај веле на тејка си:
„Што си седиш, мили тејка!
Стан' собери сељаните,
Да потераш арамите,
Оти стадо ти плениха.”
Нели стана Севдин тејка,
Та си собра сељаните,
Та појдоха потерџии,
Пристигнаха сиво стадо,
Разбегнаха арамите.
Се врнало сиво стадо,
Врна се и левент Пејка.
Тогај веле Севдин тејка:
„Еј сељани, мили браkа!
Кој ке се јунак отбери
Да оде да нар'ча,
Да нар'ча на Севда мома,
Да измеси до три фурни,
До три фурни бел пексимит,
Да заколе до три јунци,
До три јунци непрегнати.”
Ka cи дочу левент Пејка,
Та искара шарен кавал,
Дури шарен, дури пишен,
Та засвире т'жно, жално,
Па кажува на Севда мома
Што нар'ча Севдин тејка.
Ка си дочу Севда мома,
Сето Севда си разбрала;
Измесила до три фурни
До три фурни бел пексимит,
Па заклала до три јунци
До три јунци непрегнати.
Ка дојдеа сељаните,
Се готово си најдеа.
Севдин тејка заверува,
Оти Севда ми си љубе,
Ми си љубе левент Пејка;
И па за него ја даде.
Се љубиха, се зедоха
Се зедоха, се венчаха.