Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Невеста загубвит Татари

Од Wikisource
Девојка хврљат камен Невеста загубвит Татари

од Браќа Миладиновци
Севда и Пејко
на современ македонски правопис


От како петли пеае,
Низ гора кој ми помина?
Поминае ми, минае
Китените ми сватои
Со најхубава невеста.
Задале ми се Татари,
Татари, црни Арапи,
Уплашили се сватои,
Туриле млада нееста
Со едно млада деверче.
„Дали си туфек фарљало,
Дали си сабја тргало?”
„Невесто, млада невесто!
Нито сум туфек фарљало,
Нито сум сабја тргало!”
Тога ми млада нееста
Запрегна поли, р'каи,
Си фрли дулак от глаа,
Си фрли туфек на рака,
И остра сабја во уста.
Фрљала што ми фрљала,
Истајла сабја от уста
На онје црни Арапи,
И загубила Татари
Татари црни Арапи.
Собрале ми се сватои,
Та отидое дома си.