Зборник на Миладиновци/ Петре Маџарче

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Болен Дојчин, сирак Јанко и крал Марко, солунски чувачи Петре Маџаре

од Браќа Миладиновци
Баљур војвода и Гркина робина
на современ македонски правопис


Алај бег војска береше,
He можит да ја соберит;
Дур' дојде Петре маџарче,
Дробна ми војска пособра,
Камбер кад'на поплена
Co дванадесет робинки.
Co тринадесет робинки
Робинки кладе в кочиа,
Камбер кад'на пред коња,
Боса пo дробни камења,
И гологлава пo с'нце.
Кад'на му се молеше:
„Дегиди Петре Маџарче!
Aк' не ме клаиш в кочиа,
Баре клаи ме на коња!
Ти што кабает ми наиде,
Ta мене тераш пред коња,
Боса пo дробни камења,
И гологлава пo с'нце?”
Петре је лепо вореше:
„Дегиди камбер кад'но.
Аљ знаиш, али паметвиш,
Кога беф дете малоо,
Ja си беф момок у тебе;
Мене ме треска тресеше,
Ти лебец не ми даваше;
A кога да ми даеше,
Од три недели месено,
Ти вода не ми дааше,
И кога да ми дааше,
Полу со раски мешана.
За тва те терам пред коња,
Бoca пo дробни камења,
И гологлава пo с'нце.”